Свитливите, флексибилни или преклопни телефони се тренд на почетокот на 2019. година, а во трка со позвучните имиња како што се Samsung, Huawei и други, се вклучи и кинеската компанија Oppo, која прикажа прототип на својот флексибилен уред.
Брајан Шен, потпретседател на компанијата Oppo, на Weibo страниците објави фотографии од прототипот на свитливиот уред. Тој истакна дека во прашање е демо модел, како и дека технологијата се уште не донесува големи подобрувања во корисничкото искуство, така што Oppo се уште нема во план комерцијално да го објави телефонот.
Видливо е дека телефонот е прилично сличен на она што го прикажа Huawei со својот Mate X модел: голем дисплеј што се склопува однадвор, креирајќи два посебни екрана. Тука е и испакнатоста во која се сместени камерите и логото во вертикелан систем.