Речиси пред една година Microsoft го претстави Timeline, во обид да им ја олесни работата на оние кои користат повеќе уреди. Покрај тоа што хронолошки ги следи датотеки и страници на кои корисникот им пристапил, функцијата исто така овозможува пристап до овие датотеки од различни Windows уреди.
Функцијата исто така овозможува да ја поделите историјата на пребарување помеѓу Windows, iOS и Android, додека на споменатите платформи се користи Microsoft edge browser (или Microsoft Launcher на Android).
Кога корисникот ќе се најави преку неговиот Microsoft профил во екстензијата, историјата на пребарувањата ќе биде пренасочена кон Microsoft сервери и синхронизирана на различни уреди.
Поврзани артикли