Samsung воведува три нови уреди за носење кои допринесуваат кон балансиран и поврзан начин на живот
Компанијата Samsung денес ја најави својата нова линија на галантерија за носење: Часовник Галакси Актив (Galaxy Watch Active), Галакси Фит / Галакси Фит Е (Galaxy Fit / Galaxy Fit) и слушалките Галакси Бадс (Galaxy Buds). “Паметниот“ часовник, тракерот за следење на активности и безжичните слушалки се направени за широк спектар животни стилови и за секој, почнувајќи од оние кои бараат баланс во животот до оние кои бараат дополнителна мотивација. Самсунг уредите за носење ги прават посакуваните велнесцели поудобни, стилски и позабавни.
„Потрошувачите сѐ повеќе вложуваат во својата целокупна благосостојба – средиште на нивните одлуки за животниот стил и бараат уреди за носење кои прават да се активни и да останат избалансирани секој ден. Секој има свој начин на остварување на своите цели. Затоа, задоволство ни е да ја претставиме новата Самсунг линија на уреди за носење кои се вклопуваат беспрекорно во вашиот живот и го надополнуваат вашиот личен пат кон добросостојба “ – изјави Дј Кох (DJ Koh), Претседател и Извршен директор на одделот за ИТ и мобилни комуникации во Самсунг.
Часовник Галакси Актив (Galaxy Watch Active): Стил комбиниран со спорт
За напредните модерни потрошувачи кои сакаат да живеат поздраво секој ден, часовникот Галакси Актив е истовремено и паметен и стилски. Карактеристиките на неговото премиум пакување се споредливи со Галакси Часовникот (Galaxy Watch). Новиот Часовникот Галакси Актив пристигнува со нов спортски дизајн кој е тенок, лесен, разновиден и го олеснува одржувањето на балансиран животен стил. Атрактивниот, минималистички дизајн е лесен за навигација. Корисниците може да го одберат изгледот на стилскиот часовник и со бирање на спортски ремен во различни бои за да одговара на нивниот уникатен стил.
Секојдневната добросостојба е повеќе од само следење на фитнес активностите. Часовникот Галакси Актив презема целосен пристап за следење на сè што е најважно. Неговите функции за мерење на вежбање, спиење, стрес и следење на здравјето го прават овој часовник личен тренер на оние кои бараат поздраво тело и ум. Овој часовник е комбинација од најдоброто од наследството на Галакси со подобрени карактеристики за фитнес и благосостојба.
Часовникот Галакси Актив го збогатува животниот стил на корисниците и го проширува нивното поврзување со беспрекорната интеграција на Галакси екосистемот. Компатибилен со Андроид и iOS, Часовникот Галакси Актив нуди тренинг во реално време, следење на активностите во затворен / отворен простор и популарни апликации од трета страна –вклучувајќи “Under Armor“, “Spotify“ и “Strava“. Корисниците може да ги користат нивнитегласови за контрола на часовникот Галакси Актив – гласовните способности на Бигзбиовозможуваат остварување повици или праќање пораки без држење на телефонот.
Галакси Фит (Galaxy Fit) и Галакси Фит Е (Galaxy Fit е): Секојдневен фитнес за сите
Направени за сите видови ентузијасти за фитнес, од луѓе кои понекогаш трчаат па сè до спортисти, Галакси Фит и Галакси Фит Е поддржуваат активни начини на живот. Со тенки, лесни тела, Галакси Фит и Галакси Фит Е се лесни за стилизирање и удобно носење во текот на цела недела.
Тенките и модерни Галакси Фит и Галакси Фит Е овозможуваат лесно и интуитивно следење за да помогнат на корисниците да ги достигнат нивните фитнес цели. Галакси Фит и Галакси Фит Е автоматски започнуваат да ја следат активноста при одење, трчање, возење велосипед, веслање, при користење елиптичен тренер или започнување секојдневен динамичен тренинг. Исто така, рачно може да се одберат повеќе од 90 различни активности од апликацијата Самсунг Здравје (Samsung Health) на паметениот телефон на корисникот, а Галакси Фит и Галакси Фит Е автоматски ќе почнат да ги следат избраните тренинзи. Воедно, со зголеменатаанализа на спиењето и паметното управување со стресот може да се следи благосостојбата на корисникот во секое време од денот.
Галакси Фит и Галакси Фит Е се лесни за интеракција и во движење, благодарение на едноставниот и интуитивен “UX“ и практичното паметно искуство. Корисниците можат да добиваат пораки и аларми или да го проверат графичкиот елемент кој ги вклучува информациите што се синхронизираат преку нивниот паметен телефон – како аларм, календар или време – без потреба од допирање на телефонот. При патување во нова временска зона, Галакси Фит автоматски ќе прикаже два часовника за да го олесни управувањето нараспоредот. Двата уреди се водоотпорни на 5ATM, што овозможува лесно користење во различни средини, од тушот до базенот, во секој период од денот.
Безжични слушалки Галакси Бадс (Galaxy Buds): Придружник во секојдневниот животен стил во увото на корисникот
Галакси Бадс се совршени безжични слушалки за сите оние кои сакаат беспрекорно поврзано искуство во движење. Со нивниот навистина удобен “форм“ фактор, лесни контроли, јасен и паметен звук и компактна големина – тие се придружник за секојдневниот живот на корисниците.
Безжичните слушалки Галакси Бадс нудат врвно искуство при слушање, со звук поддржан од АКГ (AKG). Подобрениот амбиентален звук овозможува јасно слушање на околината, дури и додека слушалките се во ушите на корисникот. На овој начин корисниците може да останат свесни за нивната околина, а во исто време да одговорат на телефонски повик или да ги слушаат омилените песни. Дополнително, премиум квалитетот на звукот е пресликан и на квалитетот на звукот на вашиот глас кој доаѓа од микрофонот. Адаптивниот двоен микрофон користи еден внатрешен и еден надворешен микрофон во секоја слушалка. Ова допринесува за јасен пренос на гласот на корисникот и во гласна и во тивка средина.
Безжичните слушалки Галакси Бадс може да се користат цел ден, овозможувајќи до шест часа пренос преку блутут и до пет часа активен разговор преку повик. Дополнително, нивниоткомпатибилен полнач овозможува полнење до седум часа, што го зголемува користењето на Галакси Бадс слушалките до 1,7 часа со 15 минути брзо полнење. Со безжично полнење и споделување на енергија од уред до уред, исто така може да се добие брзо засилување на полнењето во движење со Самсунг Галакси С10 (Samsung Galaxy S10), Самсунг Галакси С10е(Samsung Galaxy S10е) и Самсунг Галакси С10+ (Samsung Galaxy S10+) – најновите паметнителефони на Самсунг.
Галакси Бадс се интегрираат со Бигзби (Bixby) на најновите Галакси мобилни уреди, што овозможува активирање на интелигентен асистент брзо и без држење на телефонот. Корисниците можат, на едноставен начин, со користење на нивниот глас да остварат повици, да праќаат текстуални пораки или да ја проверат батеријата на своите безжични слушалки.
За повеќе информации за Часовникот Галакси Актив, Галакси Фит / Галакси Фит е и Галакси Бадс посетете ги страните: https://www.samsungmobilepress.com/galaxy-wearables, или news.samsung.com/galaxy.
Спецификации за часовникот Галакси Актив |
|
Категорија |
Карактеристики |
Боја |
Сребрена, Црна, Златна Розева, Морско Зелена |
Димензии и тежина |
40mm, 39.5 x 39.5 x 10.5mm, 25g |
Екран |
1.1” (28mm) 360 x 360 Full Color AOD Corning® Gorilla® Glass 3 |
Ремен |
20мм (менливи) |
Батерија |
230mAh |
AП |
Exynos 9110 Dual core 1.15 GHz |
OС |
Tizen-based Wearable OS 4.0 |
Меморија |
768MB RAM + 4GB Внатрешна меморија |
Поврзување |
Блутут®4.2, Wi-Fi b/g/n, NFC, A-GPS/Glonass |
Сензор |
Акселерометар, жироскоп, барометар, мониторинг на отчукувања на срце, сензор за амбиентална светлина |
Полнење |
Безжично полнење базирано на WPC |
Издржливост |
5ATM + IP68 / MIL-STD-810G |
Компатибилност |
Самсунг, друг Андроид: Андроид 5.0 или понов, RAM над 1.5GB или повеќе Ајфон: Ајфон 5 и понови, iOS 9.0 или повеќе |
Спецификации за Галакси Фит / Галакси Фит е |
||
Категорија |
Карактеристики за Галакси Фит |
Карактеристики за Галакси Фит е |
Боја |
Црна, сребрена |
Црна, бела, жолта |
Екран |
0.95” Full Color AMOLED 120 x 240, 282 ppi |
0.74” PMOLED 64 x 128, 193 ppi |
Процесор за апликации |
MCU Cortex M33F 96MHz + M0 16 MHz |
MCU Cortex M0 96MHz |
Oперативен систем |
Realtime OS |
Realtime OS |
Големина |
18.3(W) x 44.6 (H) x 11.2(T) 24g (w/strap) |
16.0(W) x 40.2(H) x 10.9(T) 15g (w/ strap) |
Меморија |
512KB внатрешен RAM, 2048KB надворешен RAM, 32MB надворешен ROM |
128KB внатрешен RAM, 4MB надворешен ROM |
Поврзување |
BLE |
BLE |
Сензор |
мониторинг на отчукувања на срце, акцелерометар, жироскоп |
мониторинг на отчукувања на срце, акцелерометар |
Батерија |
120mAh |
70mAh |
Полнење |
NFC Безжично |
Pogo |
Издржливост |
5ATM отпорност на вода MIL STD 810G |
5ATM отпорност на вода MIL STD 810G |
Компатибилност |
Самсунг, друг Андроид: Андроид 5.0 или понов, RAM над 1.5GB или повеќе Ајфон: Ајфон 5 и понови, iOS 9.0 или повеќе |
Спецификации за безжични слушалки Галакси Бадс |
|
Категорија |
Карактеристики |
Боја |
Црна, бела, неонска жолта |
Големина |
Слушалки: 17.5 (W) x 19.4 (D) x 22.3 (H) мм / Полнач: 38.8 (W) x 70 (D) x 26.5 (H) мм |
Тежина |
Слушалки: 4.9г по слушалка/ Полнач: 39.6г |
Поврзување |
Блутут 5.0 |
Сензор |
Акселерометар, проксимитет, “Hall“ сензор, сензор допир, детекција на поставеност на слушалка во уво |
Батерија |
Слушалки: 58mAh / Полнач: 252mAh |
УСБ |
Тип-Ц |
Звучник |
5.8pi динамичен драјвер |
Компатибилност |
Андроид 5.0 или понов, RAM од 1.5GB или повеќе |
Аудио |
Аудио кодек: SBC, AAC, скалабилни (Сопственост на Самсунг) |
###