Меѓународната вселенска станица (ISS) минатото лето пушти во употреба нов тип на сателит за собирање на вселенско ѓубре.
Леталото е наречено RemoveDebris, направено со технологија развиена од Surrey Satellite Technology Ltd и Surrey Space Centre.
Неговата цел е да тестира дали сателитите опремени со софтвер за таргетирање, мрежа и харпун се ефикасни во борбата против ѓубрето оставено од човекот во орбитата на Земјата.
Во изминатите неколку месеци, ова вселенско летало спроведе серија на активни депониски вежби (АДР). Пред околу една недела, според неодамнешната изјава, сателитот RemoveDebris за првпат го тестираше својот харпун.
На тестот кој се одржа во петокот, 8 февруари, харпунот од сателитот успешно ја погодил металната плоча поставена на бум од 1,5 метри. Харпунот (кој го разви Airbus Defense и Space) беше лансиран со брзина од 20 метри во секунда (72 км/ч) и ја погоди целта, а кабелот не дозволи метата да одлета надвор во вселената.
Според американската Агенција за надзор на вселената, во и околу орбитата на Земјата има повеќе од 7.600 метрички тони на вселенското ѓубре. Некои од овие предмети достигнуваат брзина до 48.000 км/ч, што ги прави дури и остатоците од микрометар катострофални при удар.
Поврзани артикли