Основачот на Huawei, Рен Женгфеи, порача дека неговата компанија е “премногу голема и премногу важна за да не успее“, пишува The Verge.
Во неговото прво јавно интервју по апсењето на неговата ќерка Менг Ванжу во декември минатата година, за Би-Би-Си вели дека обвинувањата од страна на американската влада, “нема да бидат доволни за Huawei да пропадне“.
“Нема начин САД да не уништат“, рече тој. “Светот не може да нè напушти бидејќи сме понапредни. Дури и ако тие убедат повеќе земји привремено да не ги користат нашите производи, ние секогаш можеме да го намалиме опсегот на нашата работа“.
Ванжу беше уапсена во Канада, на барање на американските власти кои се обидуваат да ја екстрадираат.
Huawei се соочува со интензивна истрага во САД, каде што владини претставници велат дека компанијата претставува закана за национална безбедност и дека може да се користи како средство за шпионажа од страна на кинеската влада.
Huawei во неколку наврати негираше дека тоа ќе се случи, но законодавците веќе започнаа за да го попречуваат присуството на компанијата во Америка, а се очекува и американскиот претседател Доналд Трамп да издаде извршна наредба со која ќе се ограничи продажбата на производите и опремата на Huawei во САД.
Поврзани артикли