Паметен душек кој се прилагодува на телесната температура и служи како будилник

Паметниот душек The Pod е нов производ на компанијата Eight Sleep, кој има способност автоматски да ја прилагодува температурата во текот на ноќта, во согласност со навиките за спиење на корисникот.

Телесната температура природно опаѓа за време на спиењето, што го прави The Pod одличен душек за зaтоплување за време на зимата. Душекот исто така има вграден термички аларм кој може да се користи како будилник.

Како и другите производи од Eight Sleep, новиот паметен душек исто така има функција за следење на спиењето и поставувањето на различни температури во зоните на креветот, што значи дека тој може да се прилагоди да ги грее нозете, а да го лади грбот.