Наноматеријалите би можеле да станат клучен дел од новиот бран на планетарни ровери. NASA алоцираше 2 милиони долари во Goddard Space Flight Center тимот кој изработува 3D печатени сензори чии наноматеријали ги прават многу мали, ултра сензитивни и отпорни на радијација. Целта е да се изгради направа која ќе може да открива минискулни количини на елементи кои поддржуваат развој на живот како што се амонијак, водород, метан и вода.
Моменталните методи на производство на овие сензори вклучуваат изградба на еден сензор кој потоа се комбинира со другите елементи. Тоа ги прави релативно гломазни и неефикасни, што ги прави зависни од големи спектрометри кои не можат да детектираат елементи како метан и вода. Овој нов пристап ги произведува сензорите преку 3D принтер и некои од колата на еден супстрат, и може да се детектираат тие претходно елузивни супстанци.
Иницијативата се очекува да се развие за околу две години. Доколку работи како што се очекува, би помогнала за идните ровери полесно да откријат места кои поддржуваат или поддржувале живот. Сензорите исто така би можеле да се користат како безбедносни системи кои предупредуваат при промени во воздухот внатре во вселенското летало. Колку и да е мала оваа технологија, таа би била клучна при долгорочните вселенски истражувања.