Истражувачи го обвинуваат YouTube за зголемениот број на Flat Earthers

И покрај многубројните чекори преземени за да се спречи ширењето на проблематични материјали на YouTube, овој сервис е се уште извор на измами и лажни вести, проблем кој што стана толку опсежен што компанијата неодамна објави дека ќе го промени статусот на AI со цел да ја подобри состојбата. Но, опсегот на проблемот излезе на сцена, откако ново истражување тврди дека зголемениот број на поддржувачи на теоријата за рамна земја наречени Flat Earthers е поврзано со конспиративните видеа објавени на оваа страна.

Ешли Лендрам, асистент професор за научни комуникации на Тексас Тек универзитетот, спровела истражување според кое од 30 испитаници, сите освен еден одговориле дека тие не сметале дека земјата е рамна се додека не ги гледале конспиративните видеа на YouTube. Лендрум исто така вели дека на поголем број од испитаниците овие видеа им биле препорачани откако претходно гледале други конспиративни видеа како што се теориите за 9/11 и теоријата за лажното слетување на месечината.

Според AI експертот Гилам Часло, видеата со теориите на заговор се попромовирани од алгоритмот на YouTube бидејќи платформите кои користат AI често се наклонети кон еден тип на видеа поради одредени мали групи на активни корисници. Ова објаснува зошто AI на Microsoft, Tay стана расистички кошмар за помалку од 24 часа откако беше оставена во рацете на Twitter заедницата.