Сакале да признаеме или не, нашите компјутери и паметни телефони се непресушен извор на информации за нас. Од телефонски броеви, адреси, мејлови со повеќе или помалку доверливи бизнис информации, извештаи од банка, а да не ги ни споменуваме лозинките и корисничките имиња.
Секако, на сите ни е битно тие податоци да ни се на дофат на рака, но не водиме сметка за безбедноста на компјутерите и дека тие исти податоци можат да паднат во туѓи раце. На пазарот постои цела низа апликации кои штитат од несакани погледи на тие чувствителни информации – од едноставни програми за заштита на документи со лозинка до посилни прорграми кои го кдираат целиот уред.
Сепак, треба да обрнеме особено внимание на некои работи, посебно ако не користиме никаков дополнителен систем на заштита.
Извештаи од банка и други финансиски документи
Се повеќе луѓе користаѕ електронско банкарство за да не одат во банка, но и за полесно и поедноставно да ги водат своите финансии. Но, тие извештаи од банка и други финансиски институции се полни со чувств ителни информации кои би требало посебно да се штитат. Доколку примате такви информации по имејл, преземете ги на компјутер и избришете ги од дојдовното сандаче. Во случај на упад на вашиот имејл, хакерите потешко ќе најдат информации за вас. Кога ќе ги преземете, размислете за отворање дигитална архивакоја не е достапна преку Имтернет. Инвестирајте во преносен диск со можност за енкрипција и сите чувствителни документи ставете ги на тој диск, а избришете ги од компјутер или телефон.
Пријави на огласи за работа односно молби за работа
Ова особено се однесува на тие што користат службени компјутери и во приватно време или се одлучиле да бараат нова работа, а молбите ги испраќаат од службениот компјутер. Најголем дел од компаниите има ИТ администрација која во секој момент може да пристапи до секој компјутер. За да избегнете непријатни ситуации кога на претпоставените треба да им објаснувате, барањето нова работа оставете го за дома на приватен компјѕтер или пак, бришете ги сите траги зад себе.
Лични документи и исправи
Дигиталните копии од личните документи можат да ви се најдат доколку ви ги украдат или ги изгубите физичките документи или пак, ако поднесувате некаква пријава по дигитален пат. Но, ако се незаштитени, се изложувате на опасност од кражба на идентитетот. Затоа посебно треба да ги заштитите дигиталните документи како изводи од матична книга на родени, пасоши, возачки дозволи, лични карти, медицинска документација, дипломи, потврди, уверенија, билети итн. Ако сепак сакате да имате такви документи на својот компјутер, задолжително ставете енкрипција на нив.
Историја на пребарување
Колку и да звучи глупаво, некои луѓе никогаш не ја бришат историјата на пребарување, а таа крие мноштво информации за корисникот на компјутерот: од податоци за имејл, бизнис имејл до непријатни пребарувања во доцните саати од ноќта. Треба ли воопшто да се потенцира дека автоматското пополнување на обрасците кои се појавуваат на пребарувачите е вистиснки ризик?
Кориснички имиња и лозинки
Просечниот корисник на компјутер или паметен телефон во теот на денот користи од 5 до 10 лозинки. Тука треба да се додадат и различните PIN-ови кои ги користиме за пристап до уреди, сметки во банка, па дури и во згради. Понекогаш е тешко да се присетиме на некои лозинки кои подолго време не сме ги користеле или да следиме кои лозинки се активни таа недела. Но, тоа не значи дека треба да се запишат во обичен текстуален документт или на хартија која ја носите во паричник. Ако баш мора да запишете лозинка или PIN, погрижете се да не е лесна за пронаоѓање или препознавање. Изберете некоја програма за менаџирање со лозинки или посложете се со трик и ставете друго име на документот каде што се зачувани, а лозинките сокријте ги во подолг текст.
Доверливи бизнис документи
Многу компании од своите вработени бараат да потпишат договор за тајност затоа што станува збор за чувствителни информации. Доколку работите во таква компанија, треба повеќе да водите сметка за нивната безбедност. А тоа значи да не ги оставате нзаштитени на видливо место или отворени кога не се во близина на компјутерот. Освен тоа, доверливите документи не би требало да ги испраќате преку незаштитени интернет-врски ни преки обичен имејл. Подобро енкриптирајте ги пред да ги испратите или заштитете ги со лозинка која нема да ја запишете во мејлот.
Пораки и сметки кои се синхрoнизирани на различни уреди
Доколку користите повеќе компјутери или паметни телефони, веројатно имате синхронизација на уредите: од примање имејл преку синхорнизација на пребарувачите на Интернет, профилите на социјалните мрежи до четови или iMessage. Треба да размислите за ограничување на пораките на само еден уред кој го користите почесто. Така ќе ја намалите веројатноста некој неовластено да ги чита вашите пораки само затоа што сте заборавиле да ја исклучите апликацијата или да се одјавите од профилот.
Текстот е преземан од веб-порталот Zimo.hr