НАСА објави дека роверот Opportunity, кој 15 години е на Марс е мртов.
Роверот за последен пат комуницирал со Земјата пред осум месеци , а комуникацијата се прекинала по песочната бура на Марс. Од таму од НАСА заклучија дека не можат веќед а се поврзат со него , откако повеќе пати се обиделе.
Од таму мисијата на овој ровер е прогласена за завршена. Роверот слета на Марс во 2004 , а од тогаш неговата мисија го смени нашето разбирање за Марс.
Tomorrow, we'll hold a briefing at 2pm ET from @NASAJPL, where we'll talk about the status of our @MarsRovers Opportunity. We last heard from the rover on June 10, 2018, as a massive dust storm blanketed the Red Planet. Details: https://t.co/FiG675totG pic.twitter.com/2JozMMQ4Ja
— NASA (@NASA) February 13, 2019
Овој ровер ги надмина сите очекувања , зашто со години праќаше податоци на Земјата , соопштуваат од НАСА.
Животниот век на роверот беше 60 пати од предвидениот, а наместо 1000 метри помина цели 45 километри се додека не заврши во долината Персеверанс.