Xiaomi Mi 9 е забележан на почетокот на јануари со Snapdragon 855 чипсет и кодното име Cepheus. Оттогаш, телефонот ретко се појавуваше во гласиноте, а сега конечно имаме официјални информации за уредот. Леи Јун, коосновач на компанијата Xiaomi, објави тизер со официјалниот датум на претставување на телефонот, а тоа е 20. февруари.
Покрај ова, на Weibo профилот на компанијата е објавена фотографија на Рој Ванг од групата TFBoys, кој го држи Xiaomi Mi 9, откривајќи три камери на задната страна на уредот.
Системот со три камери ќе биде поставен вертикално, а ќе вклучува LED блиц позициониран под сензорот. Од десната страна на рамката се наоѓаат копчиња за звук и вклучување, а од левата страна е сместено уште едно физичко копче кое веројатно ќе го контролира паметниот асистент на Xiaomi.
Информациите од претходно сугерираа дека Xiaomi Mi 9 ќе има побрза опција на полнње од Redmi Note 7 (18W), така што се очекува 27W. Останатите очекувани карактеристики на телефонот се Snapdragon 855 чипсет со X24 модем, почетни 6GB RAM и 128GB простор за складирање и цена од околу 440 долари.