Биолозите направија ретки снимки од елегантната голема мачка како величествено се движи во Кенија. Ова е прва фотографија на африканскиот црн леопард од 1909 година, вели Ник Пилфолд, научник за конзервација од Зоолошката градина во Сан Диего.
Тој вели дека снимките се направени по неколку месеци гледање и чекање. Неговиот тим биолози поставил далечински камери за да ги следат леопрадите во близина на област за која добиле информации дека се појавиле црни леопарди.
„По неколку месеци, бевме наградени со повеќе снимки направени од нашите камери“, вели тој.
Бојата на крзното на женскиот леопард е темноцрна како резултат на меланизам, генетска мутација што е спротивна на албинизмот. Иако преку ден неговото крзно изгледа црно, во текот на ноќта добива посветли нијанси.
Иако имало извештаи дека бил забележан црн леопард, кој исто така е познат и како црн пантер, последната фотографија е направена во Етиопија пред повеќе од еден век.
„Многу е веројатно дека црните леопарди цело време живеат во Кенија, но недостигале само фотографии за да го потврдат тоа“, вели Пилфолд.
Црните леопарди се нешто помали од оние со нормална боја, а црната боја на крзното е наследна. Црниот леопард може да се види во Кина, Мјанмар, Непал, јужна Индија, Јава и во Африка.
Поврзани артикли