Во последните 290 милиони години големите астероиди паѓале кон Земјата двапати повеќе отколку што паѓале во претходните 700 милиони години, покажува најновото истражување, објавено во списанието “Science”.
Меѓутоа, иако повеќето научници сметаат дека диносаурусите и многу други видови исчезнале откако огромен вселенски астероид паднал во Централна Америка, пред околу 63 милиони години, научниците велат дека овие настани се ретки – објаснува авторот на студијата, Сара Мазруеј од Универзитетот во Торонто, пренесува енаука.
Мазруеи и колегите од Велика Британија и САД составиле листа со кратери што би можеле да ги удрат Земјата и Месечината со ширина поголема од 20 километри, и објавиле дека за еден кратер е потребно да падне астероид широк 800 метри.
Стручниот тим изброил 29 кратери што не биле постари од 290 милиони години и 9 помеѓу 291 и 560 милиони години.
“На Земјата можеме да видиме релативно малку кратери, бидејќи нашата планета 70% е под океани, а некогашните глечери можеби некои и ги израмниле”, вели Ребека Гент од истиот Универзитет.
На Земјата во последните 290 милиони години, паднале околу 260 небесни тела, што во однос на периодот од пред 700 милиони години е за 2,6 пати повеќе.
Поврзани артикли