Лабораторијата за визуелна комуникација, OmoLab од Хрватска создаде бесплатна апликација за деца со дислексија. Станува збор за апликацијата OmoReader и фонтот OmoType наменети за деца кои се соочуваат со дислексија.
“Идејата се роди пред отприлика пет години кога на мојата ќерка ѝ беше дијагностицирана дислексија. Бев изненаден колку малку во јавноста се знае и се зборува за овој проблем што го има околу 10 проценти од популацијата во Хрватска. Концептот Omo настана како одговор на презаситеноста од информации и неуспешната комуникација, а е замислен како простор за размислување, емоции и соништа“, вели Петар Реиќ, сопственик на OmoLab и креатор на фонтот OmoType.
Овој фонт е тестиран на 15 дечиња кои се соочуваат со проблеми при читање, а се на возраст од 10 до 14 години. Тестирањето траело три месеци, а резултатите покажале дека со OmoType децата читаат побрзо.
Извор: Poslovni Dnevnik