Се повеќе и повеќе автомобили се поврзани со интернет и други уреди, поради што станаа интересна мета за хакерите.
Минатата недела во Загреб се одржа конференцијата Bug Future Show, а еден од говорниците беше Роберт Балесер, технолошки подкастер или како себе се преставува, дигитален језуит. Неговото предавање беше под наслов The End of Everything (As we know it). Во своето предавање, меѓу другото, тој предупредува на опасностите во поврзаниот свет и отвореноста на поврзаните уреди, бидејќи, како се зголемува бројот на уреди поврзани на интернет, како на пример автомобилите, така истите ќе бидат изложени на (опасни) хакерски напади. На потенцијалните големи проблеми поврзани со автомобилите неодамна предупредија и од американската компанија Synopsys која спровела истражување за сигурноста на поврзаните уреди помеѓу ИТ професионалците кои работат во автомобилската индустрија.
Резултатите од истражувањето воопшто не се оптимистички и покажале дека постои ризик од хакирање на компјутерските системи во моторните возила, пред сè преку WiFi и Bluetooth, а постои опасност и од следење на локацијата со пристап на GPS системот во возилата.
Иако се повеќе автомобили се поврзани на интернет, корисниците се уште мислат дека се безбедни од хакери и хакерски напади, иако неодамна двајца експерти за безбедност веќе покажаа како од оддалечена локација можат да ја преземат контролата над автономните возила преку искористување на постоечките сигурносни слабости.
Повеќе од 60 отсто од анкетираните ИТ експерти во автомобилската индустрија сметаат дека хакерите можат да ги нападнат безбедносните системи на нивните компании и автомобили во текот на следната година. Исто така, бидејќи телефоните се поврзани со автомобилите, постои голема опасност хакерите преку слабостите на компјутерскиот систем во автомобилите да пристапат до паметните телефони и да украдат многу приватни податоци од корисниците.
Голем број испитаници веруваат дека хакерите првенствено ќе се обидат да го нападнат автономниот систем за возење, што би можело да им дозволи да ја преземат контролата над целото возило или некои од опциите што ги управува компјутерот. Ричард Билјелд од Thatcham research за изданието The Sun коментира дека денешните автомобили се како компјутерски системи на кои се наоѓа голема количина на информации, а со оглед дека тие се поврзани на интернет и други уреди, секогаш постои можноста дека некој влезе во системот, украде податоци или да добие пристап до некои (или сите) опции на возилото.
Во најлошото сценарио, хакерите би можеле од далечина да го киднапираат возилото и со него да удрат во маса на луѓе и слично. Се надеваме дека во автомобилската индустрија се размислува за таканаречен kill switch или опција да се исклучи возилото во некои екстремни случаи.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли