Најпознатата играчка конзола во светот, Sony PlayStation, би требало да го добие петтиот член од семејството веќе кон крајот на оваа година, иако претходно од производителот беше најавено дека ќе биде промовирана дури за две години.
Според пишувањето на медиумите блиски до Sony, компанијата се обидува совршено да го темпира времето на излегување на новата конзола, бидејќи премногу раното излегување би можело да има негативни последици кон продажбата на PlayStation 4.
Датумот на излегување на новата конзола засега не е познат, но се шпекулира дека Sony има намера да го претстави на пазарот кон крајот на оваа година или почетокот на 2020 година.
Конзолата од наредната генерација ќе има надограден хардвер дизајниран со намена да го подигне уживањето на корисникот на едно повисоко ниво.
Откако во 2013 година беше пуштена во продажба конзолата PlayStation 4, таа доживеа неколку промени на хардверот со цел да изгледа попривлечно за потенцијалните купувачи. Така, на пример, PS4 Slim го намали хардверскиот „товар“ и ја направи конзолата компактна.