На состанок со новинарите во Њу Делхи, челниците на WhatsApp, една од најпопуларните мобилни апликации за допишување и размена на фајлови признаа дека секој месец згаснуваат околу 2 милиона лажни кориснички профили.
За да ги спречат лажните кориснички сметки наменети за ширење на разни видови дезинформации во WhatsApp користат систем заснован на машинско учење, кој зависно од потребите константно се подобрува. Во овој момент, системот е способен да детектира 20 проценти спорни кориснички сметки уште во фазата на нивна регистрација, додека самиот систем е заслужен за детекција на 75% од претходно споменатите два милиона отстранети кориснички профили.
Исто така, WhatsApp на Facebook моментно има преку 1,5 милијарда корисници. Има три причини поради кои WhatsApp ги блокира профилите, сметките испраќаат големи количини пораки кои можат да се оквалификуваат како спам, чисто создавање на повеќе кориснички сметки со цел на ширење на сомнителна содржина, употреба на софтвер кој овозможува истовремена употреба на повеќе кориснички сметки на истиот уред и употреба на специјализирани производи, кои поддржуваат десетици SIM картички.
Поврзани артикли