Lenovo кон крајот на минатата година го претстави својот тогаш најнов Yoga Chromebook C630. Посебноста на овој модел во однос на другите, помеѓу останатото, беше и во тоа што требаше да добие и можност на конфигурација со екран со 4K резолуција.
Но, иако Yoga Chromebook C630 е претставен vo август 2018 и на пазарот пристигна два месеца подоцна, се досега во понудата го немаше најавениот 4K model. Lenovo дури сега, односно пет месеци по официјалното претставување во понудата го додаде и овој, премиум модел.
Lenovo овој 4K модел го опреми со Intel Core i5-8250U процесор од осмата генерација, со 8 GB RAM и 128 GB eMMC простор за складирање. Графичкиот дел од работата ја извршува графиката која доаѓаа заедно со процесорот – Intel UHD Graphics 620. Дијагоналата на IPS екранот е 15,6“, а резолуцијата, како што веќе наведовме е 4К, односно 3840 х 2160 пиксели.
Инаку, ова е прв Chromebook на светот кој има толку висока резолуција. Само за споредба, да наведеме дека Chromebook Pixelbook на Google има резолуција од 2.400 x 1.600 пиксели, a Pixel Slate од 3.000 x 2.000 точки.
Lenovo Yoga Chromebook C630 има поддршка за Bluetooth (4.1) и Wi-Fi (2×2 MIMO 802.11 ac), веб камера (720p) и три USB портови (2x Type-C i 1x Type-A). Тука е и читачот на мемориски картички со MicroSD формат и тастатура со позадински осветлени копчиња (без RGB).
Димензиите на уредот се 361,5 x 248,5 x 17,8 милиметри, а тежината 1,9 килограми. Оперативниот систем секако е Chrome OS, а секој купувач добива и 100 GB бесплатен простор на Google Drive во рок од две години. Подеталните спецификации се достапни на официјалните интернет страници на производителот.
Цената на Yoga Chromebook C630 со 4K екран е 899,99 долари, а на испорака се чека помеѓу 4 и 5 недели.