Во соопштението за медиумите, кое дава повеќе детали за бизнис плановите во Полска, Huawei напомена дека популарната P30 серија ќе биде претставена во Париз кон крајот на месец март.
Оваа онформација беше уфрлена на крајот на соопштението, чија намена беше да ја намени кадровската промена на компанијата во полскиот оддел, кој ќе добие 100 нови вработени.
Huawei P20 исто така беше претставен во Париз, кон крајот на март минатата година, а престолнината на Франција е чест избор на кинеската компанија, кога е во праашње претставувањето на нови уреди.
Се очекува дека Huawei P30 ќе има OLED дисплеј, три камери на задната страна и веројатно Kirin 980 чипсет. Кинеската компанија ќе ги претстави и Huawei P30 Pro и Lite моделите.