Две нови апликации од Google, наменети за Android оперативниот систем, ќе им помагаат на лицата со оштетен слух да се вклучат во разговорите.
Live Transcribe го претвора говорот во текст на телефонот од корисникот во реално време, додека Sound Amplifier, овозможува корисниците да го зголемат звукот на тоа што сакаат да го чујат, притоа намалувајќи ја останатата врева.
Sound Amplifier е веќе достапен преку Google Play Store за Android 9 Pie или понови телефони, а Live Transcribe постепено ќе можат да го тестираат корисници од разни места во светот, пишува Fortunе.
За да го креира Live Transcribe, Google склучи партнерство со Универзитетот Gallaudet, институција за студенти кои имаат проблеми со слухот, лоцирана во Вашингтон, САД. Апликацијата работи на 70 јазици и визуелно ја покажува јачината на звукот на тој што зборува.
Поврзани артикли