Откако постар маж се лизна, падна и онесвести во купатило, се активираше функцијата Detection Fall на неговиот Apple Watch, кој испрати порака за падот и локацијата на корисникот од итните служби.
Благодарение на следењето на отчукувањата на срцето и новата опција EKG, Apple Watch досега сигурно има спасено неколку животи со предупредување до корисниците на проблеми со работата на срцето кои што би можеле да бидат смртоносни.
Со последната верзија на паметниот часовник на Apple, беше претставена уште една интересна опција, првенствено наменета за постарите луѓе – препознавање на пад. Опцијата им е автоматски овозможена на лицата постари од 65 години, додека останатите можат самите да ја вклучат.
Паметниот часовник на Apple, благодарение на сензорите и технологијата за препознавање на пад, ќе провери дали корисникот е добро, односно дали одговара на самиот сигнал на часовникот.
Доколку после една минута од препознавањето на падот, нема одговор на пораката, часовникот автоматски ја известува итната служба и испраќа локација на која што корисникот кој што паднал се наоѓа.
Токму тоа му се случило на 67-годишниот Норвежанец, Торлав Остванг кој навечер во својата бања паднал и се онесвестил. За среќа, го носел паметниот часовник на Apple со вклучена опција за препознавање на пад, па часовникот ги известил итните служби за падот и за локацијата на корисникот. Медицинските екипи веднаш реагирале и го пронашле Остванг како крвав лежи без свест на подот на бањата.
„Би можело тоа да заврши и полошо. Што ќе се случеше ако не го носеше паметниот часовник? Беше тоа сериозен пад, веројатно часовникот му го спаси животот“, изјави ќерката на Остванг за норвешките медиуми.
Минатата година Apple Watch го спаси животот и на еден Швеѓанец кој што претрпел тешка повреда на грбот – паметниот часовник го препознал падот и ги известил итните служби кои што го пронашле и му го спасиле животот.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли