Punch hole камерите во рамката на екранот се моментниот нов тренд меѓу производителите на паметни телефони. Веќе видовме како Samsung и Huawei (како и подбрендот Honor) ја имплементираа технологијата, а судејќи според новиот патент, ќе им се придружи и Xiaomi. Листингот на сајтот на World Intellectual Property Office (WIPO) открива дека на кинеската компанија и е одобрен патент за дизајн со два punch hole отвора.
Решението на Xiaomi е нешто поинакво од дуал камера системот кој се очекува на Galaxy S10+ моделот. Новиот телефон на Samsung ќе има елиптичен засек за двата предни сензира, на следниот Mi премиум модел би можел да има два одвоени сензора. Според листингот, вториот отвор би бил или за секундардната предна камера или за сензорот за близина и светлото за известуѕвања.
Патент пријавата е исполнета со 24 различни дизајни – две камери од едната страна, една од левата, а друга од десната страна, два елиптични отвора на различните страни и друго.