Кога Земјата би останала без кислород дури и на пет секунди, за тоа кратко време планетата би ја погодиле големи негативни промени, предупредуваат еколозите.
Во рамките на глобалната акција за заштита на животната средина, еколозите напоменуваат дека во атмосферата се наоѓа 21 отсто кислород, што е нејзина најважна состојка. Да нема кислорот, не би имало ни луѓе, растенија и животни.
Во тие пет секунди без кислород, планетата Земја би доживеала големи промени.
Без овој основен животен елемент, сите градби направени од бетон, во кој кислородот е основен поврзувач, би се претвориле во прав. Во проблем би биле и металните конструкции, бидејќи би исчезнал слојот на кислород, кој спречува металите меѓусебно да се стопат.
Луѓето би станале изложени на директно Сончево зрачење, бидејќи озонската обвивка се состои од атоми на кислород. Би настанале опасни изгореници, но би дошло и до пукање на внатрешното уво, при нагла промена на притисокот на воздухот.
Наглото исчезнување на кислород би можело да предизвика кај луѓето впечаток дека изненадно се наште на 2000 метри под вода.
Без кислород не би работеле ни моторите во возилата, па милиони автомобили би застанале, додека авионите би почнале да паѓаат на земја. Небото би станало црно, со оглед на тоа дека Сончевата светлина се одбива од разните честички во атмосферата, пред да стигне на Земјата.
Истовремено би се распаднала и Земјината кора, која се состои од 45 проценти кислород, наведуваат еколозите.