Минатата година, кинескиот производител на смартфони Oppo беше меѓу првите кои претставија телефон со цел екран – Oppo Find X. За да ја интегрира селфи камерата, уредот имаше pop-up камера. Во меѓувреме, производителите како што се Samsung и Huawei претставија телефони со full screen, кои имплементираат punch hole дизајн на камерата. Се очекува Oppo во текот на 2019. година да објави сличен паметен телефон.
Новиот патент покажува дека Oppo можеби планира да ги интегрира различните икони за апликации покрај отворот за камерата. Двата патента за компанијата Oppo Guangdong Mobile Communications се објавени на 16. јануари, од организацијата WIPO.
Дизајнот на патентот, наречен “мобилен телефон со интерфејс за иконите на апликациите”, прикажува Oppo телефон со цел екран со punch hole камера. Селфи камерата е сместена во горниот лев агол на дисплејот, а посебно десно од отворот, сместени се различните икони на апликациите. Патентот прикажува вкупно пет апликации, од кои една е предната камера.
Со слајдање во врвот на дисплејот, се појавуваат иконите. Корисникот може да скрола низ нив, со што моиже да се појавуваат повеќе икони. Иконата за камерата секогаш ќе стои на истото место.