Научниците од Британската диететска асоцијација (BDA) составиле листа од пет производи кои се најкорисни за работата на срцето. Новите анализи сериозно ќе помогнат и во третманот и рехабилитацијата на пациентите со мозочен удар.
Според научниците, производите од интегрален производ, кафеав ориз, тестенини од цело зрно пченица, овес, р’жан леб и квиноа се меѓу најкорисните за работата на срцето. Според експертите, вклучувањето на таква храна во исхраната го намалува ризикот за смрт од кардиоваскуларни заболувања за 10%.
Следни на листата се зрнестите плодови. 130 грама дневно е доволно за да се намали нивото на лошиот холестерол за 5%. Лешниците се богати со растителни влакна и кога се варат, тие се претвораат во еден вид “гел” кој се врзува за холестеролот и ја намалува неговата апсорпција од страна на телото.
На срцето му е потребно и овошје и зеленчук, кои содржат калиум, кој помага да се контролира крвниот притисок. Списокот се затвора со риба, чии масни киселини го зајакнуваат срцето. Покрај тоа, рибата содржи многу калиум, витамини Б6 и Б12. Експертите заклучија дека четири порции риба неделно го намалуваат ризикот од срцев удар за 21%.