Samsung најави дека новата Galaxy S10 линија ќе ја претстави на 20. февруари во Сан Франциско. За хардверот на овие смартфони дознавме речиси се што можеше – димензии и карактеристики на екранот, на кој чипсет ќе работи и колкава работна и податочна меморија ќе имаат.
За софтверот досега немаше премногу информации. Се знае дека моделите од Galaxy S10 ќе работат на Android 9.0 Pie, но сега благодарение на дојавувачот Грегори Блејк сега знаеме дека Samsung во софтверската понуда ќе вклучи и сопствен паричник за криптовалути – Samsung Blockchain KeyStore.
Samsung веднаш на почетниот екран напоменува дека се работи за безбедно и соодветно место за дигитални валути. Од приложените фотографии видливо е дека Samsung Blockchain KeyStore ќе поддржува мајмалку две познати криптовалути – bitcoin i ethereum.