Египетските археолози сметаат дека е можно да го откриле гробот на кралицата Клеопатра и Марко Антонио, и тоа близу Александрија.

Клеопатра е последната владетелка од македонската птоломејска династија. Според историските извори, таа во 30-та година пред Христа се отрула кога дознала дека нејзиниот љубовник, римскиот легионер Марко Антонио е мртов. Се претпоставува дека тие двајцата се погребани во заеднички гроб, но досега тој не е откриен.

Археолозите тврдат дека овој наод многу веројатно е поврзан со Клеопатра. Гробницата се наоѓа во областа Тапосирис Магна во близина на древниот град Александрија.