Phishing е најзачестен облик на сајбер напади и често само првиот чекор при покренување на големи и комплексни сајбер напади и претставува голема закана за корисниците.
Некои од најголемите хакерски напади започнуваат со испраќање на т.н. фишинг мејлови во кои хакерите ги мамат примачите на мејлот за да стигнат до нивните лични податоци, лозинки, банкарски услуги и слично. На пример, ако добиете мејл за кој ви се чини дека е од вашиот директор (неговото име се прикажува во името на испраќачот) и ако во тој мејл се наоѓа линк на кој е потребно да кликнете за да ве одведе на некоја страница или сервис, дел од корисниците нема ни да се посомневаат дека станува збор за измама.
Но, некои вешти измамници лесно можат да состават фишинг мејл и лажна страница на која се доаѓа со клик на линк од мејлот, а со впишување на вашите податоци како мејл и лозинка, тие податоци одат директно до хакерите кои им овозможуваат пристап до вашиот мејл. Ваквиот пристап, пак, им овозможува тие да извлечат лични податоци, пораки, фотографии и слично.
Поради тоа е исклучително важно да внимавате и доколку се сомневате дека мејлот кој сте го добиле е лажен, никогаш не ги отворајте линковите кои тој ги содржи.
За да им помогнат на корисниците да ги откријат ваквите фишинг мејлови кои би можеле да им создадат големи проблеми, компанијата “Jigsaw” која е дел од “Google Alphabet” претставила интересен квиз кој сите би требало (да се обидат) да го решат.
Квизот е направен врз основа на безбедносни тренинзи, кои оваа компанија го спроведувала на речиси 10 илјади новинари, активисти и политички лидери ширум светот, а е базиран на тактики со кои се служат хакерите при испраќање на ваквите мејлови. Во квизот се прикажани примери на мејлови за кои треба самите да оцените дали се вистински или фишинг мејлови, а под секој пример стои и објаснување кое ќе ви даде насоки како да ги препознаете лажните од вистинските мејлови.
Од Jigsaw велат дека фишингот е најчест облик на кибернетички напад и дека секој 100-ти мејл кој е испратен денеска е “фишерски”, а таквиот облик претставува исклучително голема закана за сите интернет корисници.
Извор: Zimo.hr / Jigsaw/Medium