Презентацијата на нановиот Sony Xperia XZ4 ќе се одржи на 25 февруари, а на еден месец пред официјалната промоција, веќе е промовиран излгедот на новиот уред. Една од главните карактеристики на новиот Sony смартфон ќе биде фантастичниот екран со сооднос 21: 9.
Се разбира, сега издолжените екрани на паметни телефони не се невообичаени, но повеќето во класата се опремени со дисплеи 18: 9 или дури 18,7: 9. Но, Xperia XZ4 во однос на конкурентите изгледаат импресивно.
Ефектот е поврзан и со минималните рамки. Со оглед на дијагоналата од 6,55 сантиметри, можете да ја пресметате висината на екранот која ќе биде 15,3 см. Досега само еден паметен телефон со сличен аспект беше на пазарот – Acer Iconia Smart, објавен во 2011 година.