Се ближи крајот на изведбата на најдолгиот мост на светот во Кувајт, дело на компаниите Hyundai E&C и Combined Group Contracting. Проектот наречен Sheikh Jaber Al-Ahmad Al-Sabah Causeway е вреден 3 милијарди долари и претставува еден од најголемите инфраструктурни проекти на светот. Со вкупна должина од над 48,30km мостот ќе ги поврзува градот Кувајт на југот од заливот со новиот град Subiya на север.
Овој потфат е дел од поголем проект кој с еоднесува на развој и ревитализација ан древниот трговки „Пат на свилата“. Проектот е дело на Кувајтскиот национален развоен план (Kuwait National Development Plan 2035), мостот е наречен по 13тиот емир на Кувајт. И додека во оментот возењето околу заливот бара повеќе од еден час, проектот ќе го скрати ова време на помалку од 20 минути. Корејската компанија Hyundai E&C и локалниот конзорциум Combined Group Contracting Company победиле на конкурсот за овој проект уште во 2013 година.