Microsoft најави дека ќе вложи 500 милиони долари во заеми и субвенции за забрзување на изградбата на пристапни станбени единици во Сиетл, каде што има деловни простории.
На жителите, па дури и на вработените во компанијата им е сè потешко да најдат стан.
Растот на вработеноста во регионот од 2011 година изнесува дури 21 отсто, додека бројот на новите згради заостана на само 13 отсто.
Цените на недвижностите се речиси дуплирани во текот на изминатите осум години, а подрачјето на Сиетл стана шестото најскапо место во САД според цените на недвижностите.
Проблемот е најголем во предградијата, вклучувајќи го и Редмонд каде што се наоѓа седиштето на „Мајкрософт“.
– Тоа е голем проблем кој ќе станува сè поголем и поголем – напиша на блогот на раководството на компанијата еден од најголемите работодавци во сојузната држава Вашингтон.
Оттаму предупредуваат дека ефикасноста на многу луѓе се намалува поради секојдневното долготрајно патување до работното место.
Извор: Bizlife.rs