Француската агенција за заштита на личните податоци ја осуди интернет компанијата Гугл на казна од 50 милиони евра поради пропусти во заштитата на личните податоци.
Државната агенција за информатика и слободи , француски ,,полицаец” за лични податоци ја санкционира големата интернет платформа Гугл врз основа на новиот европски пропис за заштита на личните податоци , што стапи на сила на 25 мај.
Според новиот текст, се овозможува изрекување казни од 4 проценти од годишниот приход на светско ниво за непочитување на обврската за заштита на личните податоци на европските граѓани.
Во својата истрага, францускиот регулатор ја објави постапката за новиот корисник на телефонот Андроид со оперативен систем на Гугл, за да почне да го користи паметниот телефон.
Евентуалната жалба на пресудата Гугл треба да ја поднесе до Државниот совет, највисокиот управен суд на Франција.
Тоа е досега најголемата казна одредена врз основа на законот на Европската Унија за приватност, кој стапил на сила минатиот мај.
Како што пренесува „New York Times“, тоа е прв знак дека законодавците се подготвени да им се спротистават на интернет компаниите, чија работа зависи од собирање на лични податоци.
И Фејсбук е предмет на многу европски истраги за заштита на личните податоци. Од Гугл соопштиле дека допрва ќе донесат одлука дали ќе се жалат од пресудата.
Поврзани артикли