Корисниците коишто денеска ќе потпишат нов или ќе го обноват договорот, можат да купат мобилен телефон во Smart M тарифата со попуст до 50 отсто.
Продавницата нуди интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.
Македонски Телеком денеска јаотвори реновираната продавница воцентарот на Охрид. Со реновирањето, променет е изгледот на Телеком продавницата којашто доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот со прикажување на куќата на Робевци, којашто е карактеристична за поднебјето. Сега, продавницата којашто се наоѓа во административната зграда на Македонски Телеком во Охрид нуди атрактивен, модерен и пред сè, пријатен амбиент за корисниците.
Реновираната Телеком продавница во Охрид овозможува подобра услуга, одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Корисниците отсега во единствената Телекомпродавница во Охрид, можат сè на едно место, брзо и лесно, да го најдат она најмногу што им одговара, согласно потребите и можностите.
Со преуредувањето, интерактивниот концепт на Телеком продавницата во Охрид дополнително го збогатува единственото корисничко искуство.