Приватни пораки на Twitter, испратени од корисниците на Android апликацијата, може да бидат објавени јавно, предупреди компанијата. Twitter објави дека открил безбедносен пропуст што значел дека одредени „приватни“ твитови можат да станат јавни, откако корисниците направиле промени на подесувањата на профилот.
Секој кој ја ажурирал е-адресата врзана со Twitter помеѓу ноември 2014 и јануари 2019 година, би можел да има протечени твитови. Од социјалната мрежа соопштија и дека дозволиле засегнатите корисници да знаат за овој пропуст.
Додаваат дека повторно ја вклучиле заштитата за корисниците на Android, која ненамерно била исклучена. Од компанијата не можат да го потврдат точниот број на погодени корисници.
We’ve become aware of and fixed an issue where the “Protect your Tweets” setting was disabled on Twitter for Android. Those affected have been alerted and we’ve turned the setting back on for them. More here: https://t.co/0qM5B1S393
— Twitter Support (@TwitterSupport) January 17, 2019
„Жал ни е за оваа случка и правиме целосен преглед за да не се случи повторно“, стои во соопштението.
Ги повикуваат своите корисици да ги проверат поставките за приватност, за да бидат сигурни дека се е во ред. Twitter соопшти дека го поправил пропустот на 14 јануари и доколку има нови информации ќе ги сподели со јавноста.
Безбедносниот пропуст не е забележан кај корисници кои на Twitter пристапувале преку уредите на Apple.