Познатата сина дупка на Белизе е конечно истражена и се дозна што се крие на нејзиното дно. Минатиот месец научна експедиција се упати на дното на големата сина дупка во океанот на Белизе, а еден од истражувачите беше Ричард Бренсон, сопственик на Вирџинија.
Тоа беше првото нуркање до дното на дупката, која се наоѓа по должината на Месоамериканскиот Гребен, што е втора по големина мрежа на корални гребени во светот.
Група отпатувала на дното со подморницата „Акватика“, при што наишле на ѕид од сталактити за кои Бренсон вели дека покажуваат дека дупката е сочинета од пештери, кои оригинално биле формирани на сува почва.
„Оваа дупка е доказ кока нивото на океанот може драстично и катастрофално да се зголеми. Нивото на морето било неколку стотини метри пониско. Пред 10 илјади години нивото на морето се зголемило 91 метрар кога се стопил мразот. Тоа беше еден од најстрашните потсетници на опасноста од климатски промени што ги имам видено“, рече Бренсон.
Поради големата длабочина на дупката и недостигот на кислород, на нејзиното дно нема живот. Но, Бренсон вели дека забележал пластични шишиња на дното, кои се главна причина за загадувањето на морињата.
Најголемата мистерија во океанот – големата сина дупка кај Белизе е најголемото морско свлечиште на светот, широко 300 метри, а длабоко околу 125 метри. Била откриена во 1971 година од истражувачот Жак Кусто. Речиси половина век подоцна, иако дупката е голем хит за нуркачите, уште е релативно неистражена.