Шест дена по ред Австралија е погодена од топлотен бран, при што се соборени досегашните рекорди на екстремно високи температури од кои се топи и асфалтот.
На 373 километри северно од Сиднеј објавено е дека е стопен бетонот на главниот автопат поради што работници го прскаат подрачјето со вода за да ја оладат површината и да спречат леплив асфалт за автомобилските гуми, информирале од локалната новинска агенција „Аргус“.
Топлотните рекорди се соборени по должината на источна Австралија кога денеска температурата надмина 40 Целзиусови степени.
Рекордот не е соборен само преку ден, највисокиот рекорд во текот на австралиските ноќи е соборен вчера во Нуни, 800 километри западно од Сиднеј, каде што најниската температура преку ноќта изнесувала 35,9 степени.