Популарниот веб-прелистувач на Google ќе ја добие функцијата која автоматски ги блокира познатите измамнички реклами и која на сила ќе стапи во април оваа година.
Google со помош на Chrome настојува веб просторот да го направи посигурен, а во тоа веќе му помага неговата интегрирана заштита од реклами и pop-up реклами. Следен чекор? Блокирање на измамничките онлајн реклами, пренесува MakeUseOf.
Google војна на “злонамерните” реклами им објави уште во април 2017. година, по што во јуни истата година, во својот браузер интегрираше сопствена верзија на ad-blocker (популарен додаток кој блокира реклами на веб-страниците). Google блокирањето на рекламите ги почна во февруари минатата година, кога Google и објасни на кој начин функционира блокирањето на реклами.
Нивниот раводнет ad-blocker, имено, блокира само дел од рекламите кои не ги почитуваат стандардните Коалиции за подобри реклами, стандарди кои ги пропиша, погодивте – Google. Ако некоја страница користи измамнички реклами, Google сите ќе ги блокира додека администраторите не одлучат да ги отстранат.
Стандарди за целиот свет
Chrome, да потсетиме, веќе денес ги блокира рекламите во ЕУ и Северна Америка, но не и во остатокот од светот, каде што Google планира да ги прошири своите стандарди на рекламирање. Почнувајќи од 9. април, Chrome ќе ги казнува страниците кои на своите корисници им нудат измамнички реклами – каде и да биле.
Воглавно, ако сега имате страница на која прикажувате реклами, а некои од нив не се поклопуваат со стандардите на Google, Chrome ќе ви ги блокира сите реклами на сајтот. Ако сакате да проверите дали рекламите на вашата страница се во согласност со стандардите на Google, тоа можете да го направите со помош на алатката Ad Experience.
Судејќи според се, Google сака рекламите на интернет да бидат покорисни и побезбедни за интернет корисниците, што како и да се сврти е позитивна работа. Правејќи го веб рекламирањето малку поподносливо, овој потег, можеби на Google и другите маркетиншки компании би можел да им донесе дополнителна заработка, а на сите останати корисничко искуство без измамнички pop-up реклами.
Поврзани артикли