Покрај бесплатен автомобил, најбрзите и најдобрите можат да освојат и неколку десетици илјади долари.
Ги гледате автомобилите на Tesla и сонувате за денот кога ќе можете да купите еден таков? Елон Маск има понуда која не сакате да ја пропуштите.
Одлучи некому да му го додели автомобилот Tesla Model 3. Бесплатниот автомобил ќе замине во рацете на лицето кое прво ќе успее да го хакира компјутерскиот систем на тој автомобил.
Натпреварот под името “Pwn2Own” е осмислен за да се пронајдат грешки во интернет прелистувачите и компјутерските програми, а ова е прв пат да учествува и некој од автомобилската индустрија. Се одржува во рамките на конференцијата за компјутерска безбедност во Ванкувер, а освен Tesla учествуваат и други големи компании како Microsoft и VMware.
Освен автомобили, наградите за оние кои ќе го пробијат системот на Tesla ќе изнесуваат од 35 до 300.00 долари, зависно од начинот на кој ќе се пробијат, односно сериозноста на безбедносниот пропуст.
Tesla има своја програма за наградување на лицата кои ќе ги пронајдат грешките во нивниот систем, а во последно време ги зголемија наградите на неколку илјади долари.
Токму таквото парично наградување им помага на големите компании полесно да ги пронајдат и отстранат грешките од своите системи и програми. Во случајот на Tesla, кинеската компанија Keen откри безбедносен пропуст, кој на хакерите би им овозможил да ги активираат кочниците на возилата со безжична врска. За тоа откритие, но и за уште неколку помали, запишани се во “Куќата на славни на Tesla”.
Поврзани артикли