Американските научници во последната спроведена студија за влијанието на човекот врз планетата Земја, дојдоа до заклучок дека само уште 5 проценти од површината на нашата планета не е под влијание на човекот.
Авторите на студијата велат дека за разлика од последната слична изработена студија во која овој процент беше многу поголем – 19%, сега човекот уште повеќе има влијание на нашиот дом.
Овој процент е формиран под услов на 95% од планетата да има некои знаци на промена предизвикана од луѓето, додека 84% имаат повеќе антропогени влијанија. Во новата научна работа, истражувачите користеа јавно достапни фотографии со висока резолуција добиени за време на теренските истражувања, како и слики од вселенско летало.
Се покажа дека само 30% од копнените еколошки региони и 18% од земјите во светот имаат низок степен на промена на земјиштето и го задржале нивниот оригинален екосистем. Поголемиот дел од планетата веќе е во процес на промена, која ни се заканува со трајно уништивање на нашата планета.