За неколку месеци во Велика Британија стапува на сила контроверзниот закон, според кој посетителите на порнографски страници ќе мораат да докажат дека имаат повеќе од 18 години – во спротивно нема да можат да уживаат во сексуалните содржини.
Британската влада сака малолетниците да ги заштити од порнографија и да им оневозможи прегледување на сексуални содржини на интернет. За начините на забрана се зборува веќе некое време, а уште претходно е донесен законот според кој за пристап до порнографските страници ќе биде потребно да се потврди полнолетност. Промената на тој закон веќе неколку пати е одложувана, но според последните информации, би требало да стапи на сила во април оваа година.
За пристап до страниците на кои повеќе од третина од содржините се однесува на порнографија, Британците ќе мораат да потврдат дека се постари од 18 години – за начините за таквата потврда на полнолетност и натаму се расправа и за нив ќе одлучат сопствениците на порнографските сајтови.
Постојат различни предлози за добивање лиценца за порнографија, рече за медиумите, британскиот правник Нил Браун, а како некои од начините ги наведе користењето информации од банкарските картички, инсталација на посебен софтвер на компјутерот и телефоните, како и можноста за потврда на годините во продавниците, на начин на кој се потврдуваат годините при купување на алкохол.