Индустријата за производство на пијалоци е меѓу најголемите корисници на јаглерод диоксид (CO2), со годишна потрошувачка на овој гас која достигнува 10 милиони тони. Производителите на газирани сокови и води го користат овој гас за добивање на познатите меурчиња во своите производи.
Моментално, индустријата главно се потпира на CO2 произведен од хемиски суровини. Меѓутоа, со развивање на технологијата за зафаќање и складиштење на CO2 од атмосферата (carbon capture and storage), компаниите како Coca-Cola, можат истовремено да ја вршат својата вообичаена дејност на производство на газирани пијалоци, но и да се посветат на заштитата на животната средина.
Coca-Cola се здружила со швајцарската компанија за чиста технологија Climeworks која го извлекува овој гас од воздухот, го прочистува и преработува со цел негово користење во водата Valser, која е во сопственост на оваа корпорација.