Американски научници забележаа промени и поместувања на земјата и ледот на Северниот пол од местото каде во тој момент се наоѓал. Научниците велат дека не знаат која е причината за ваквата појава, но претпоставуваат дека длабоко во внатрешноста на Земјата се случуваат големи промени.

Една од причините поради кои сметата дека дошло до ваквата ситуација е поместувањето на земјиното магнетско поле, кое длабоко под површината на земјата. Течниот метал кој се врти околу своето јадро предизвикува поместување и оддалечување на Северниот пол од Канада. Северниот пол се повеќе му се доближува на Сибир.

Поместувањето на положбата на Северниот пол, научниците не планирале да се случи пред 2020 година. Сега со новонастанатата ситуација, тие велат дека ќе мора да ги ажурираат податоците и да направат одредени промени.

Од 15 јануари ќе биде ажуриран Светскиот магнетски модел, кој го опишува магнетското поле на планетата и ја поддржува целата модерна навигација (GPS), од системот со кој управуваат бродовите во морињата, па се до гугл картите на паметните телефони.

Арнолд Шалиат, геомагнетичар од Универзитетот Колорадо во Булдер, изјавил дека „Грешките постојано се зголемуваат!

„Факт е дека Северниот пол забрзано го прави овој регион подложен на многу грешки“, изјавил Арнолд.

Истражувачите велат дека полот се движи со брзина од 55 километри во текот на годината, но во последните години, забележано е забрзано движење. Иако не постои објаснување зошто тоа се случува, научниците велат дека причината може да биде големиот слој на течен метал кој се поместува во внатрешноста на земјата.