Samsung со нов стандард за поврзување преку Family Hub фрижидер претставен на CES 2019

Новиот Family Hub го носи поврзаното живеење на повисоко ниво со подобрени способности за вештачка интелигенција и Интернет на Нештата, оставајќи им на корисниците повеќе време за даги направат работите што ги сакаат.

Samsung ја претстави новата генерација на наградуваниот Family Hub фриждер, продолжувајќи да иновира и да ја редефинира категоријата на фрижидери. Фемили Хаб поставува нов стандард за Поврзано Живеење, донесувајќи го заедно семејството во кујната, истовремено ослободувајќи ги корисниците и фокусирајќи ги на она што е важно за нив.

Новата генерација на сопственици на куќи бараат технологија која ги дефинира нив и начинот на кој сакаат да живеат, а не постои подобро место за тоа од конектирана кујна. Со Фемили Хаб фрижидерот, кој нуди поедноставена поврзаност од онаа на која навикнале, семејствата можат да поминуваат повеќе време заедно, фокусирајќи се на она што е најважно за нив. 

Во 2019 година, со помош на новиот ’Фемили Борд (Family Board), заеднички екран преку кој членовите на семејството можат да комуницираат на персонализиран начин, Фемили Хаб помага да се поттикне вистинска поврзаност со семејството, поедноставно управување со храната и поврзано доживување во денешниот брз и современ свет. 

Интелигенција

Со Бигзби се овозможува попаметен, безжичен и повеќе персонализиран начин за користење на Фемили Хаб фрижидерот. Корисниците од Бигзби можат да добијат информации од најразчичен карактер, во било кој период од денот, додека го подготвуваат својот оброк. Сите информации се појавуваат на екранот од Фемили Хаб фрижидерот, а корисниците можат да ги видат или пак, да ги слушнат. Преку технологијата на гласовна идентификација на Бигзби се препознава гласот на секој член на семејството, што помага секој да добие приспособени информации за нивните индивидуални потреби. Бигзби има необични карактеристики преку кои им овозможува на корисниците да комуницираат поприродно. Сега, корисниците можат да пребаруваат авионски билет, да повикаат такси возило, или пак однапред да ја постават температурата на рерната преку разговор со Фемили Хаб.

Со напредокот на вештачката интелигенција, преку беспрекорната интеграција на Фемили Хаб на “SmartThings“, сопствениците ќе можат да гледаат и контролираат голем број Самсунг уреди и паметни уреди од други производители директно преку екранот на фрижидерот и со гласовна команда на Бигзби.

Поврзаност со семејството

Со новиот екран на Фемили Борд кој функционира како дигитална огласна табла, членовите од семејството ќе можат лесно да поставуваат белешки и фотографии, па дури и да цртаат директно на екранот. Корисниците можат да споделуваат фотографии, пораки и спомени на својот фрижидер и ќе можат да ги прилагодуваат своите фотографии со различни ефекти и филтри, да додаваат рачно напишани електронски белешки и налепници, па дури и да ја променат бојата на позадината за да одговара со нивната кујна, сплотувајќи го семејството и подобрувајќи го начинот на кој тие се поврзуваат и споделуваат.

Подобро управување со храната

Од самиот почеток, управувањето со храна со помош на Фемили Хаб е една од клучните функции на овој фрижидер, подобрувајќи го начинот на кој сопствениците на куќи управуваат со нивната храна – без разлика дали ја користат опцијата „Погледни Внатре“ за да видат дали им требаат јајца од нивниот смартфон додека се наоѓаат во продавницата или да додаваат ставки во нивната листа за купување и да ги означат датумите на истекување на рокот на артиклите. Фемили Хаб му овозможува на корисникот да креира подобри и поздрави оброци со “Планерот за оброк“, кој ги прилагодува рецептите на база на преференците на храна, диетски потреби и продуктите во фрижидерот. 

Во 2019 година, Самсунг ќе ја прошири платформата за Фемили Хаб низ повеќе модели за да се погрижи дека ќе ги задоволи потребите од вакво решение на поголем број потрошувачи.

Новиот Фемили Хаб, номиниран за наградата за иновации во категоријата на производи за софтвер и мобилни апликации, ќе биде прикажан на Меѓународниот саем за потрошувачка електроника во период од 8-11 јануари 2019 година во кабината на Самсунг со реден број 15006 во Централна сала на Конгресниот Центар во Лас Вегас. За повеќе информации за апаратите за домаќинство на Самсунг, посетете ја страната www.samsung.com.