Кога е во прашање преземањето на големите системски апдејти, корисниците на Windows, доколку им недостасува доволно интерна меморија, често мораат да ослободат простор на дискот, за да инсталираат нов build на оперативниот систем.
Со следниот голем апдејт на Windows 10, Microsoft планира да ја елиминира оваа потешкотија. Следното поголемо ажурирање на Windows 10 автоматски ќе доделува одредена количина на диск меморија, која ќе служи за инсталирање на нови апдејти, апликации, привремени фајлови и системски кеш.
Претстојната надградба за Windows 10 автоматски ќе креира 7 GB резервиран простор, за да се осигура дека перформансите на апликациите и системот во целина не влијаат на недостаток на слободниот простор на дискот.
Во објавата на корпоративниот блог, Microsoft откри дека промената ќе биде имплементирана со следниот апдејт, под ознаката 19H1, за кој се очекува дека ќе пристигне во првата половина на 2019. година.
Резервираниот простор за складирање автоматски ќе биде креиран на сите уреди со Windows 10 build 1903 и нема да бара никакво надворешно подесување од страна на корисникот.
Функцијата на резервиран простор за складирање веќе им е достапен на членовите на Windows Insider програмата, кои го користат build 18298 за Windows 10 или поновите верзии.