Првите рецензии откриваат дека FlexPai е робустен уред со екран кој има низок квалитет во споредба со денешните стандарди, а софтверот е исто така прилично лош.
После нешто повеќе од пет години развој, компанијата Royole го претстави FlexPai на “CES” во Лас Вегас. Станува збор за таблет-компјутер со ОЛЕД екран со дијагонала од 7,8 инчи на преклопување и оперативен систем Android 9 Pie.
Може да се „свитка“ за 180 степени, при што се претвора во два паметни телефони со екрани со големина од околу 4 инчи, а секој од нив може да користи посебна СИМ картичка. Расклопениот екран има резолуција од 1920х1440 пиксели, помалите екрани нудар двојно помала резолуција, а наводно може да издржи и до 200 илјади виткања.
FlexPai работи на Qualcomm Snapdragon 855 процесор и располага со 6 GB RAM меморија. Опремен е со две камери (широкоаголна од 16 мегапиксели и телефото камера од 20 мегапиксели), нема предна селфи камера. Покрај тоа, има сензор за отпечатоци на прсти, USB-C и батерија со капацитет од 3,800 mAh. Нема 3,5 мм влез за аудио, но пристигнува во пакет со посебен адаптер.
Првите рецензии велат дека овој телефон е робустен, има низок квалитет на екранот, а софтверот е лош и не ја препознава добро положбата на уредот, поради што има проблем со приказот на апликациите и другите содржини.
Сепак, изданието претставено на “CES” не е конечно – се очекува финалната верзија да биде претставена во текот на годината, а ќе може да се купи за 1,300 долари.