Иако добар дел од возачите не го прават тоа, отстранувањето на снегот од автомобилот пред да почнете да возите е од особена важност.
Освен тоа што погледот од возачка перспектива ќе биде помал од вообичаеното, што е секако лошо и не бара дополнително објаснување, додека возите зад вас ќе оставата снежна трага која на еден или двајца возачи зад вас ќе им создава услови како да возат по снежна меќава.
За време на возењето, се загрева и кабинскиот дел и моторот. Покривот на автомобилот и капакот на моторот се најголемите површини со снег на автомобилот. Кога овие површини ќе се загреат, врската помеѓу снегот и лимот се губи. Токму поради тоа, поголеми парчиња снег при возење, од автомобилот може да паднат директно на коловозот и никако не можете да бидете сигурни како возачот зад вас ќе реагира, а со тоа можеби и да предизвикате несреќа.
Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас