Компанијата LG ја отвори годината со нов смартфон кој ќе ја збогати нивната понуда на пазарот. Се работи за моделот Q9 – наследник на LG Q8, кој се појави на пазарот овој октомври, но засега не привлече големо внимание од купувачите.
LG Q9 доби малку постар процесор – Qualcomm Snapdragon 821 од 2016 година, а уредот ќе го користи оперативниот систем Android 8.1 Oreo. Иако Android 9 Pie е достапен веќе неколку месеци, сепак неколку производители решаваат и понатаму нивните модели да ги опремат со постарата верзија на овој оперативен систем.
Овој телефон има новитети и позитивни страни, како на пример големиот 6,1-инчен екран со резолуција 3.120 х 1.440 пиксели, Boombox звучник, HiFi Quad DAC систем и DTS:X стерео поддршка.
Покрај тоа, смартфонот доби 4GB RAM, 64GB внатрешна меморија, една камера на задниот дел од 16 мегапиксели, селфи камера од 8 мегапиксели и батерија од 3.000 mAh.
Продажбата на овој модел започнува месецов по цена од 445 долари, а Q9 ќе биде достапен во Carmine црвена, New Aurora црна и New Moroccan сина боја.