Ова се најдобрите торент сајтови за 2019. година

Торентите, се чини, се помалку популарни од она што беа, бидејќи огромен број на корисници се свртеа кон стриминг, односно гледање или слушање содржини во реално време, а се помалку корисници преземаат фајлови на своите уреди.

Уште една година зад нас беше исклучително турбулентна за торентите, наведува сајтот TorrentFreak: трајно беа угасени голем број популарни сајтови, работата на другите беше оневозможена, додека третите биле своевиден параван за вируси, настанати врз основа на изгасените или привремено онеспособени торент сајтови. Искренои се надеваме дека овие третите не ве “уловиле”, на што редовно ве предупредувавме.

Листата на најдобри торент сајтови за 2019. година има доста новитети, што е последица на се што споменавме претходно. Листата, освен што рангира локации, го покажува трендот помеѓу торент сајтовите на годишно ниво, па на тој начин можеме да дознаеме дали бројот на квалитетни содржини на некој сајт се зголемува или намалува, односно да стекнеме целосен впечатоци за самиот квалитет на торент сајтот.

И секако, пред да ви ја прикажеме TorrentFreak листата на торент сајтови за 2019. година, уште еднаш напоменуваме дека преземањето на заштитена содржина со закон за авторски права не е легално и со себе повлекува можни законски последици, доколку дојде до преземање.

Бидете внимателни што преземате и користете ги торентите одговорно. Платите за содржината која ја барате, доколку е нелегална на овие веб-страници.

Најдобри торент сајтови за 2019. година:

1. YTS.AM
Alexa: #205 / Минатата година: #5

2. 1337X
Alexa: #248 / Минатата година: #3

3. THE PIRATE BAY
Alexa: #288 / Минатата година: #1

4. RARBG
Alexa: #325 / Минатата година: #2

5. TORRENTZ2
Alexa: #498 / Минатата година: #4

6. NYAA.SI
Alexa: #549 / Минатата година: #8

7. LIMETORRENTS
Alexa: #962 / Минатата година: Bez promene

8. ZOOQLE
Alexa: #1.753 / Минатата година: #10

9. EZTV.AG
Alexa: #1.950 / Минатата година: #6

10. TORRENTDOWNLOADS
Alexa: #2.018 / Минатата година: Без рангирање.