Едно од главните прашања што малку ја успорува уште поголемата експанзија на електричните автомобили е зголемувањето на бројот на станици за полнење. Volkswagen, сепак, има решение.
Германскиот гигант е целосно фокусиран на EV сегментот, па воочи лансирањето на сопственото I.D. семејството, исто така, развил систем за полнење електричните автомобили.
VW решението го гледа во мобилни станици инспирирани од Power bank надворешните батерии за мобилни телефони.
Пилот проектот на Volkswagen ќе започне со работа во родниот град Волфсбург на почетокот од оваа година, а најавено е дека секоја станица ќе има капацитет од 360 kWh со два полначи со симултана и наизменична струја.
Извор: Додај Гас