Дистрибуцијата на нови надградби за „Виндоус 10“ постојано е придружена од неочекувани проблеми со работата на уредите. И покрај обидите на Microsoft, овие процеси се повторија со новата „Виндоус 10 октомври 2018“ надградба на компанијата. Таквите слабости имаат потенцијал да ги изложат на сериозен ризик доверливите информации на корисниците. „Енгаџет“ нè информира дека Microsoft веќе почна да експериментира со нова функција наречена „Проект Соли“ (Project Soli).
Алатката за која станува збор е дизајнирана да ни даде целосна контрола врз нашите лични податоци. Ако имате информации кои што ги поседувате само вие и никој не може да им пристапи, оваа содржина може да се класифицира како доверлива. „Проект Соли“ ќе создаде персонализирана бази на податоци за корисниците, и секој ќе може да избере какви податоци се собираат за нив кога ќе работат со компјутери со „Виндоус 10“. Проектот Соли е базиран на т.н. „Концепт на обратна доверливост“.
Предвидена е и можноста да ги споделите вашите податоци со други, па дури и да генерирате приходи, додека го правите тоа. „Проект Соли“ се уште е во рана фаза на развој. Microsoft сака да го направи алтернатива на методите, со кои Facebook и Google собираат и ги споделуваат нашите информации на Интернет. Следната голема надградба на „Виндоус 10“ ќе биде достапна во април, а потоа веројатно ќе дознаеме повеќе за можностите на оваа интересна карактеристика што ќе ја гарантира доверливоста на нашите податоци.
Поврзани артикли